Иванов: Моја цел е економски развиена Македонија

Моја цел е економски развиена Македонија, членка на Европската унија и НАТО, рече кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов на митингот во Радовиш.

„Македонија како напредна земјоделска земја, која ги пласира своите квалитетни производи на светските пазари. Македонија во која постои доверба меѓу институциите и граѓаните, во која се вреднува трудот на работниците и на земјоделците. Држава во која младите можат да добијат квалитетно образование, да се вработуваат, да успеват во животот, да формираат семејства и да оставаат потомство. Држава во која се негува традицијата и соживотот и во која се прифаќа и се почитува различитоста како што тоа го правите и вие во Радовиш“, рече Иванов.

Иванов истакна дека сето ова може да се постигне само со напорна и тимска работа.

unnamed (2)

„Пет години работевме како еден тим. А нашиот тим има една цел – победа! Победа за Македонија, победа за македонските граѓани! Кога сме единствени, сложни, тогаш и резултатите се видливи. Донесовме многу закони и спроведовме многу реформи. Речиси нема сфера во животот што не е опфатена со реформи. Економијата, земјоделието, семејството, образованието, здравството, социјалата, културата, младите, спортот“, нагласи кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Тој рече дека доколку повторно ја добие довербата на граѓаните ќе продолжи да го промовира македонскиот бизнис и можностите за привлекување на нови странски инвестиции.

unnamed

„Но, најголемото постигнување е што ја вративме довербата во институциите Граѓаните веруваат во својата држава, верувааат во институциите на кои им ја даваат довербата. Се враќа довербата во семејствата, во нашите традиции. Вербата на граѓаните, на младите во себе, дека можат да живеат квалитетен живот во Македонија. Свесни се за тоа затоа што и државата стои зад нив“, истакна Иванов.