Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Црна Гора денеска во Подгорица заедно со својот домаќин, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на околу 45 компании од двете земји.
Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање во Македонија и јакнење на економската соработка, која поради лошата инфраструктурна поврзаност не е на високо ниво, како што е политичката соработка меѓу Македонија и Црна Гора.
На бизнис-форумот ќе учествува и министерот за странски инвестиции Бил Павлески, како и претставник од претприемаштвото што е во согласност со програмата на претседателот Иванов – во составот на официјалната делегација на РМ во странство да има млади претприемачи од мали и средни бизниси кои се иновативни и нудат квалитетни производи и услуги