![ivanov-6-640x294](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/ivanov-6-640x294.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во рамки на неговата дводневна посета на Белгија, ќе учествува на форумот Кран Монтана во Брисел на кој ќе има обраќање.
Предвидено е попладне Иванов да се сретне со Дидие Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања на Белгија.
Шефот на државата вчера во рамки на работната посета на Брисел имаше средба со првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, на која побара нов импулс и испраќање позитивна порака во насока на деблокада на интеграцијата на Македонија во Европската унија и почеток на пристапните преговори за членство.
Во фокусот на разговорите со Туск била европската иднина на Македонија и се она што го прави земјата за конечно да добие датум за почеток на преговорите, но и состојбата во регионот и во ЕУ, како и прашањето со мигрантската криза