Претседателот Ѓорѓе Иванов утре во Киев ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Украина, Петро Порошенко.
Од Кабинетот на шефот на државата соопштуваат дека Иванов упатил честитка за неговиот избор, во која истакнал дека е лично уверен оти со заемен ангажман двете земји можат да придонесат за јакнење на традиционално пријателските односи и за уште поплодна соработка, како на билатерален така и на мултилатерален план.
„Ваша Екселенцијо, имајќи ја предвид актуелната ситуација во Украина, сакам да ве уверам дека Република Македонија ги поддржува сите обиди кои можат да донесат мир и стабилност во вашата земја. Убеден сум дека пријателска Украина преку дијалог, со политички и дипломатски средства ќе успее да се справи со предизвиците и ќе продолжи по патот на обезбедување просперитетна иднина на своите граѓани“, напишал Иванов во писмото до Порошенко.