Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, вчеравечер во Лондон се сретна со преставници на македонската дијаспора.
На средбата претседателот Иванов се запозна со тековните активности и учеството на преставниците на македонската дијаспора во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот во Велика Британија.
Македонскиот претседател повика на сплотеност и единство на претставниците на македонската дијаспора и на нивна натамошна активна вклученост и придонес во развивањето и унапредувањето на односите и соработката меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Претставниците на македонската дијаспора заблагодарувајќи се за можноста за средбата со претседателот Иванов, ја истакнаа потребата од нова стратегија и реформи во образовниот систем, со цел младите да останат во Република Македонија.
Македонскиот претседател при секоја посета на странска држава, традиционално остварува средби со македонските иселеници и во континуитет се залага за развој на односите со дијаспората, преку оддавање признанија за нивните успеси како поединци и здруженија.