
Кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов денеска ја посети општина Кисела Вода, при што се сретна со жителите на населба Драчево, село Драчево и населба Кисела Вода.
На средбите со граѓаните од општина Кисела Вода, како што соопштуваат од неговиот штаб, Иванов се заблагодари за поддршката во првиот круг од претседателските избори и повика на масовна излезност во вториот круг.
Пред жителите на општина Кисела Вода, Иванов ги претстави своите програмски цели, меѓу кои Македонија како економски силна и развиена држава, која обезбедува иднина за младите и можност за работа.
Жителите на општина Кисела Вода ја изразија својата поддршка на политиките на Иванов и му посакаа успех на престојниот втор круг од претседателските избори.
Во рамки на посетата на Драчево, Иванов го посети локалниот пазар, како и Споменикот на бранителите.