
Не прифаќаме да се промени Уставот на Република Македонија. Не прифаќаме да се промени уставното име на Македонија. Не прифаќаме ни идеи, ни концепти, кои би го загрозиле националниот идентитет, македонскиот јазик, но и македонскиот модел на соживот, истакна претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на митингот во Делчево.
„Затоа што сите што живееме во Македонија сме Македонија. Сите припаѓаме на Република Македонија. Сите сме граѓани на оваа земја. И затоа си ја чуваме. Затоа сме и посветени на неа. И затоа сакаме како тим да работиме за неа. Ја менуваме претставата за Македонија. Гледате во последниве години колку пријатели стекна Македонија после нашиот глас, кои бараат Македонија да го добие тоа што го заслужува, да биде и членка на НАТО и членка на Европската унија“, рече Иванов.
Иванов нагласи дека во изминатиот период направени се реформи и добиени се пет позитивни извештаи од Европската комисија, како и пет препораки за почеток на преговорите за членство во Унијата.