„Агендата за хуманост има за цел ставање крај на страдањата со кои се соочуваат милиони. Република Македонија силно ја поддржува оваа агенда и повикува на храбро политичко лидерство“, порача македонскиот претседател.
Претседателот Иванов истакна дека Конфликтите кои се шират и продлабочуваат побргу отколку што се решаваат и отстрануваат.
„Имаме најчесто задоцнета дијагноза, со реактивни, наместо превентивни мерки, со краткорочни и болни одлуки, наместо долгорочни и побезболни решенија“. Поради ова, порача шефот на државата, потребен е нов пристап кон превенцијата и мировните решенија.
„Неопходно е навремено, кохерентно и одлучно политичко лидерство што ќе се бави со причините, наместо со последиците на кризите“, истакна Иванов во обраќањето.
На обраќањето на лидерскиот сегмент во своето обраќање претседателот Иванов ја поздрави одлуката на Обединетите Нации го свика Светскиот хуманитарен самит и Турција да биде домаќин на истиот. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија, како земја-кандидат за членство во Европската Унија, се приклучува кон изјавата и позициите на ЕУ, според кои, потребно е изнаоѓање на политички решенија за актуелните конфликти, справување со драматичното непочитување на меѓународното хуманитарно право, формирање на донаторски фонд за помагање на погодените од конфликтите, како и искористување на овие фондови порационално.
На Светскиот хуманитарен самит кој за прв пат се одржува денеска и утре во Истанбул, учествуваат околу 5000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од педесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и преставници од граѓанскиот сектор. Меѓу учесниците на самитот се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателите на Турција, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Украина, Реџеп Таип Ердоган, Колинда Грабар Китаровиќ, Бујар Нишани, Филип Вујановиќ, Петро Порошенко, претседавачот со босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ, како и премиерите на Грција, Бугарија, Холандија, Словачка, Словенија, Полска, Алексис Ципрас, Бојко Борисов, Марк Руте, Андреј Киска, Миро Церар, Беата Шидло.
Учесниците на Самитот ќе се заложат за преземање иницијативи и акции во насока на поддршка на „Агендата на хуманост“, а со цел да се овозможи полесно справување и надминување на кризните состојби во светот.
Покрај со домаќинот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, претседателот Иванов за време на самитот ќе оствари формални и неформални средби со повеќе лидери, а ќе се обрати и на пленарната сесија на самитот.
На Специјалната сесија посветена на жените и децата во регионите зафатени со криза, во рамки на Светскиот хуманитарен самит, ќе учествува и сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.