Иванов и Милер изразија согласност дека се додека не бидат решени проблемите во кризните жаришта, напливот на беглаци ќе постои и дека солидарноста и споделувањето на одговорноста меѓу државите во врска со овој предизвик мора да се покажат уште веднаш.
Тие разменија и мислења за политиките на ОН, како и за ангажманите и активностите на Република Македонија во рамки на меѓународната организација.
Претседателот Иванов ќе ја посети и Школата за дипломатија и меѓународни односи во Женева.
Претходно имаше обраќање на отворањето на Кран Монтана форумот посветено на Глобалните закани за безбедноста и тероризам, меѓународната и регионалната соработка и превенција од конфликти како и одговорот на прашањето за заканите врз меѓународниот бизнис. Нагласи дека државите од Западен Балкан мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на ЕУ со непречен пристап до сите бази на податоци. ЕУ, предупреди тој, се соочува со сериозни закани од тероризам, насилен екстремизам и радикализација, форми на организиран криминал и бирократија.