![ivanov-1-640x329](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/ivanov-1-640x329.jpg?resize=640%2C329&ssl=1)
-Македонија како и до сега така и во иднина ќе дејстува за заштита на својата национална безбедност и сигурноста на своите граѓани, но истовремено, Македонија е чувар на портите на Европа и повеќе од 19 месеци врши контрола на преминот за влез во најбрзиот мигрантски коридор што води кон Европа.
Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Мојата порака до ЕУ е јасна: Помогнете ни, за да ви помогнеме, помагајќи и на Македонија си помагате себе си, категорично рече Иванов.
Тој уште еднаш истакна дека правната и политичката пречка за доделување на мандатот мора да бидат отстраната.
Мојата одлука е превентивна, Ни требаат реформи, а не платформи, рече македонскиот претседатател Ѓорге Иванов по средбата со претседателот на Европскиот совет Доналт Туск.