
Пред кратовчани денеска, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, истакна дека и во изминативе пет и во следните пет, ако ја добие нивната доверба, ќе остане посветен на развојот на Македонија.
Тој потсети дека пред пет години, кога речиси и многу луѓе не го познаваа, им рекол дека ќе го препознаат по неговите три принципи кои го водат во животот а тоа е дека е чесен, искрен и вреден. А сега пред нив посочи дека останал истиот!
„Пред 5 години ја освоив вашата довреба со програмата која ја понудив. Таа програма е целосно исполнета и доаѓам со нова програма за нова доверба за следните 5 години. Како што кажа и вицепремиерот Пешевски, покажавме како се работи тимски за Македонија, како се сака Македонија и како се гледаат сите тие резултатите од заедничката работа. Каде и да одев обезбедувава полтичка поддршка за проектите на владата, каде и да одев го промовирав новото лице на Македонија, како земја реформатор, како земја со најповолни услови за странски инвестивции, каде се потребни инвестиции и каде е потребна поддршка и пмош. И јас и сите луѓе од Владата не сме луѓе кои тука така го кажуваме зборот.Се што сме кажале сме исполниле и затоа имаме образ повторно да дојдеме и да побараме доверба од вас“, рече Иванов.
Според него, Кратово е град кој ги чува нашите традиции, вредности, ја почитува чаршијата, еснафот, градот на мостовите опеани во песните и затоа отчетот кој ме прави горд почнува од тоа што сите може да го видиме, економскиот раст и развој на Македонија.
„Донесени се повеќе од 2 милијарди странски инвестиции кои можеме да ги видиме секаде во Македонија.Синоќа ја видовме најголемата фабрика во Кавадарци која вработува 4000 луѓе.Тоа е успехот на Македонија. Можеме да видиме како се градат автопатишта, ќе се заврши изгрдбата на пругата до Бугарија.Обезбедивме 120.000 нови работни места во Македонија кога беше најголемата светска криза“, нагласи Иванов кој по втор пат ја трча претседателската трка.
Тој потенцираше дека заедно ја градат Македонија како напредна земјоделска земја, во која земјоделците со субвенцииите можат да обезбедат достоен живот. И во наредниот продолжат субвенциите. Тие стигнаа до 500 милиони евра. Половина милијарда се вложени во земјоделието и земјоделието знае со извозот на земјоделски производи како да ги врати тие вложени средства во Македонија.
Можеме да се пофалиме со сето она што го направивме и што може секој од вас да го види.
„Реконструиран е регионалниот пат Кратово – Пробиштип, изградени се повеќе локални патишта, изграден е мост на Крива Река во населеното место Куклица, во тек е изградбата на колекторски систем за речнотокорито на реката Кратовска. Браната „Кнежево“ е најголемиот објект во рамките на регионалниот хидросистем „Злетовица“ и таа беше пуштена во употреба во јануари 2013 година. Со оваа инвестиција, заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“. Инвестицијата е вредна 100 милиони евра, а со неа се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава, меѓу кои и Кратово“, им порача тој на своите сограѓани, оти како што вели, тој е кратовски зет.