Иванов повтроно го предложи Богов за гувернер

Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Маакедонија.

Предлогот веќе е доставен до Собранието, кое го врши изборот.
Од кабинетот на Иванов, велат дека претседателот Иванов во изминатите два месеца извршил низа консултации и се водел исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага.

Сепак, меѓу наведените со кои Иванов се консултирал ја нема владата, па оттаму тешко е да се очекува неговиот предлог да добие поддршка од парламентарното мнозинство.
Од СДСМ велат дека се изненадени од предлогот и дополнително ќе одлучуваат.