На овие избори победи демократијата, победија граѓаните, победи Македонија, рече претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање по објавувањето на првичните изборни резултати.
Тој оцени дека изборите беа спроведени во мирна, фер и демократска атмосфера како што и прилегаат на европска Република Македонија.
Обраќајќи се до граѓаните, Иванов истакна дека беше и ќе остане претседател на сите граѓани независно за кого гласале.
„ Бев и ќе останам еден за сите. Да ги бранам заедничките државни интереси, интересите на секој граѓанин, интересите за Република Македонија. За сите, за Македонците, за Албанците, за Турците, за Власите, Србите, Ромите, Бошњаците… Работев и ќе работам само за народот. Од утре нема да има победници и поразени, туку ќе има само работа“, истакна Иванов.