Претседателскиот кандидат, Ѓорге Иванов денеска беше во Демир Капија , краде на граѓаните им рече дека таму бил и пред пет години со неговата програма, за која и неодамна и дал отчет, а сега повторно се враќа за да им ја побара довербата за следните пет години.
„Јас сум човек од југот. Се препознаваме ние, затоа што сме луѓе домаќини. Пред 5 години ви кажав дека во животот имам три принципи, да бидам чесен, искрен и вреден. После 5 години повторно ви велам, не се променив. Останав чесен, искрен и вреден и ме радува што граѓаните го препознаа тоа и што успеавме да ја вратиме довербата во институцијата Претседател“, истакна тој додавајќи дека во изминативе пет години често го посетувал Дојран и му покажал на народот како се работи тимски, а резултатите се видливи.
„Работевме напорно со Премиерот, со министрите, со локалната и централната власт. Спроведовме многу реформи, донесоваме многу закони и законски измени. Мора да се прилагодуваме за европските стандарди. Иако сме блокирани на патот кон ЕУ ние ја созадваме ЕУ тука во Македонија. Резултатите се видливи. Отворени се 120.000 нови работни места, а до крајот на годината се очекува да се отворат уште 10.000 нови“, потенцираше Иванов.
Тој нагласи дека како што е тој постојано меѓу граѓаните, така се и Премиерот и министрите и работат врз основа на потребите на народот, а потоа даваат отчет за сработеното.
„Работевме напорно и тоа во услови на голема економска криза. Но и во такави услови ние постигнавме резултати. Јас ги поддржував сите проекти на владата, за да се донесат странски инвестиции, да се донесат земји кои се пријатели и партнери на Македонија и ни помагаат преку различни фондови да се менува Македонија“, нагласи тој.
Потсети дека постојано се работи на полето на образованието, се
Најмногу винамание посветивме на образованието, се дисперзираа многу факултети за да можат младите да студираат во местата каде живеат. Странските инвеститори ги ангажираат токму тие образовни луѓе, кои имаат знаење и кои се иноватори и креатори. Македонија е позната по своите иновации, затоа што има луѓе кои секогаш знаат да најдат решение за сите предизвици со кои се соочуваат.
„Во овој мандат имав преку 450 средби со Претседатели, Премиери, Министри. Преку 100 официјални и работни посети во странство. Но бев домаќин и на преку 40 официјални посети на странски претседатели на Република Македонија. Посети на пријатели, на луге кои и помаагаат на Македонија. Кои ја внесуваат во сите текови кои се случуваат во регионот, Европа и светот. Затоа имаме лице и образ повторно да ви се обратиме и со дигната глава повторно да ја бараме вашата доверба. Зашто покажавме како се сака Македонија и се работи во интерес на граѓаните на Макеоднија, без разлика на етничката, верската и јазична припадност. Сите што сме во Македонија треба да ја браниме и сакаме Македонија“, рече тој пред народот, поздравувајќи и Турците од Демир Капија.
Тој вели дека покажавме дека Македонија е земја која ја почитува и негува традицијата,обичаите и го чува заветот од нашите предци. Многу наши предци загинале за слободата која ја имаме денес. Македонија е слободна и слободна живее,но таа слобода бара да се чува и негува од секоја генерација која доаѓа. Како што нам ни е оставен тој завет, ние го оставаме за идните поколенија. Затоа ги едуцираме младите луѓе да ја сакаат, чуваат и почитуваат Македонија.
Прв пат во Македонија ќе имаме автопат од северната до јужната граница. Потенцијалите на овој коридор мора да се искористат.