Граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот, рече шефот на државата Ѓорги иванов.
По гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изјави дека очекува овие локални избори да поминат во мирна, демократска и фер атмосфера.
„Денеска кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот – рече Иванов.
„Очекувам и овие избори како и сите досегашни, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека како одиме во секои избори, така напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните“, додаде Иванов.