Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со амбасадорот Марк Оте, кој е директор на Кралскиот институт за меѓународни односи на Кралството Белгија ЕГМОНТ, еден од најпрестижните институти од овој тип во Европа, пренесе МИА.
Амбасадорот Оте е еден од предавачите на 6. Школа за млади лидери, што се одржува на иницијатива на претседателот Иванов, а која свечено ќе биде отворена утре.
На средбата, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, разменети се мислења за актуелните геополитички случувања и евроинтегративните процеси на Македонија.
Претседателот Иванов ја поздравил соработката меѓу Кралскиот институт од Белгија и Школата за млади лидери, а разменети се мислења и околу можноста за проширување на соработката помеѓу ЕГМОНТ институтот и други образовни и научни институции во Република Македонија.
Марк Оте искажал задоволство што дел од своето искуство во дипломатијата ќе може да им го пренесе на учесниците на шестата Школа за млади лидери и предложи нови можности за соработка на кои ќе се работи во следниот период.
Претседателот Иванов се сретна со делегацијата на македонската Специјална Олимпијада
ретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја и синот Иван денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со делегацијата на македонската Специјална Олимпијада, која учествуваше на Летните олимписки игри што се одржаа од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД.
На средбата претседателот Иванов им го честита успехот постигнат на Олимписките игри и им го пренесе своето високо почитување на нивната работа, истакнувајќи дека особено ги поддржува активностите поврзани со лицата со посебни потреби.
Вашиот успех претставува позитивен пример да се мотивираат и други да се вклучат во спортувањето, бидејќи токму спортот е еден од најуспешните начини за интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби. Благодарение на успесите на спортистите на македонската Специјална Олимпијада, се промовира и нашата земја, истакна Иванов.
Две златни медали за македонските спортисти во Лос Анџелес
Претставниците на македонската Специјална Олимпијада го информираа претседателот Иванов дека ова е најуспешен настап на олимписки игри од ваков карактер, како и за плановите во иднина и учеството во големите интернационални манифестации кои следат, изразувајќи цврста заложба и понатаму да постигнуваат врвни резултати.
Повод за средбата беше извонредниот настап на македонските спортисти на игрите во Лос Анџелес на кои постигнаа одличен успех со освојувањето на две златни, шест сребрени и четири бронзени медали, во неколку спортови атлетика, пливање, јунифајд, кошарка и пинг понг.