
Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со поранешните премиери Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и Емил Димитриев, изразил очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно и конструктивно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија.
– Претседателот Иванов се заблагодари на двајцата поранешни премиери за досегашната соработка, посочувајќи дека во изминатиот период Владата на Република Македонија вложи големи напори за заштита на националните интереси и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.