Иванов се сретна со српскиот премиер Вучиќ

Во рамки на официјалната посета на Србија, Иванов денеска имаше средба со српскиот премиер Алаксандар Вучиќ.

На средбата беа реафирмирани заемните определби за продолување на позитивната динамика во соработката меѓу двете земји, и во таа смисла беа истакнати очекувањата од следната заедничка седница на двете влади.

Централно место во разговорите, како што информираат од Кабинетот на претседателот, имаа прашањата од сферата на економијата и крупните регионални инфраструктурни проекти кои ќе ги поврзуваат дравите и народите во регионот, како и соработката во сферата на евроинтеграциите.

iv22

Претседателот Иванов во рамки на посетата во Панчево ќе се сретне и со претставници на македонското малцинство во Србија.