
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на средбата со претседателот Ѓорге Иванов во понеделникот ја истакна неопходноста од динамизирање на евроатлантските процеси на Република Македонија и ја повтори силната поддршка на Унгарија за земјава да го добие заслуженото место во НАТО и да ги почне пристапните преговори со ЕУ час поскоро.
Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил благодарност за цврстата и континуирана поддршка што ја добива Македонија од Унгарија за нашите евроатлантски интеграции.
„Залагањето, соработката и солидарноста која Унгарија ја рефлектира во однос нашите аспирации во НАТО и во ЕУ, е пример како треба да изгледа односот на земјите – членки кон земјите – кандидати. Унгарија е една од најзначајните партнери и пријатели на Република Македонија и тој однос треба да се негува и да продолжи во иднина“, истакнал претседателот Иванов.
Нагласил и дека коннструктивната улога што ја има Унгарија во менаџирањето на бегалската и мигрантската криза преку нејзината соработка и помош во полициски сили и опрема.