
Претседателот Ѓорге Иванов и ја честиташе победата на Македонската одбојкарска репрезентација која се пласираше во финалето на Европската лига.
Тој на македонските одбојкари им посака многу успех и триумф во големото финале.
Искрени честитки за храбрата и пожртвувана игра што ја покажаа нашите одбојкари во натпреварот со Естонија. Заслужена победа. Ви посакувам уште еден успешен ден и победа за Република Македонија во финалето!, се наведува во честитката.