Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичките напади во Анкара.
– Со голем шок и длабока загриженост ја примив веста за терористичките напади во Анкара. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и cите злосторнички акти. Господине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот турски народ, наведува во писмото претседателот Иванов.
Во писмото силно го осудува ова насилство, во форма на серија кукавички и грозоморни терористички напади и изразува надеж дека дека додека Република Турција поминува низ овие тешки моменти, целата меѓународна заедница ќе работи заедно во борбата против злото и во насока на интензивирање на постоечката соработка против тероризмот.