![ACE_3131](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/ACE_3131.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Во овие пет години каде и да одев го гледав напредокот, напредокот низ цела Македонија, и во земјоделието, и во индустријата, и во патната инфраструктура, и во обновените училишта, водоводи. Напредокот во се она што му е потребно на нашиот граѓанин, истакна претседателскиот кандидат на коалициајата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов на митингот во Босилево.
„Се сеќавам како беше пред пет години, а гледам како е сега. Како е реконструирано училиштето „Гоце Делчев“ , како е изградена спортската сала во училиштетото „Св. Кирил и Методиј“ и фудбалско игралиште во Секирник! Ете така се сака Македонија, така се гради Македонија. Го видов и отчетот на вашиот градоначалник Љупчо Колев, само за една година. Тоа е пример за успешен градоначалник. Така треба да се работи. Се бара програма, но се бара и отчет. Се што се ветува се се остварува. Истото го правев и јас, истото го прават и министрите. Истото го прават сите луѓе на кои сте им ја дале довербата. Настапуваме со наша програма и со отчет. Се што беше во мојата програма, се е исполнето. Овој пат дојдов со нова програма, за нова доверба. За следните пет години повторно да бидам Претседател на Република Македонија. Работевме како тим. Пет години работевме посветено на Македонија. Работевме заедно и со премиерот, и со министрите, и со советниците, и со градоначалниците. Бевме посветени да ја менуваме Македонија“, нагласи Иванов.
Иванов говореше и за инвестицијата на канадската компанија „Еуромакс“ во рудникот Иловица каде ќе бидат вложени 500 милиони долари.
„Дополнително ќе се вложат 100 милиони долари годишно за развој на рудникот. За време на изградбата ќе бидат ангажирани од 300 до 400 лица, додека по изградбата на рудникот за бакар и злато, кој треба да биде готов за најмногу пет години, ќе се вработат од 500 до 600 лица. Индиректно или дополнително, ќе бидат ангажирани 200 до 300 работници преку компании подизведувачи, што значи дека збирно, само во фазата на изградба ќе бидат вклучени над 700 лица како нови вработувања“, рече Иванов.