Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја посети општина Шуто Оризари, по повод Меѓународниот ден на Ромите.
При посетата Иванов се сретна со градоначалникот, Елвис Бајрам, а го посети и основното училишеа „Браќа Рамиз и Хамид“ како и средното општинско училиште.
Како што информираат од неговиот кабинет, на средбата Иванов беше запознаен со тековниот живот во општината и напорите што се прават во насока на севкупно унапредување на положбата на локалното население.
Посочувајќи дека Република Македонија е држава во која се негува вековната традиција на соживот, Иванов нагласи дека ромската заедница е нераскинлив дел од нашето повеќеетничко општество, кое постојано создава услови за негување на ромскиот етнички и културен идентитет, и претставува пример за еднаквите можности и права.
Во исто време, претседателот Иванов порача дека и натаму ќе се залага за унапредување на правата на ромската заедница и достигнување на степенот на целосна нивна инклузија во македонското општеството.
Утре, 8.април е неработен ден за сите припадници на ромската етничка заедница.