Претседателскиот кандидат нба ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа митинг во градот на свети Никола, како пшто вели тој, општина на познати лозари, земјоделци, кои со плодовите на својата работа ја прехрануваат Македонија.
Пред големата толпа на плоштадот во Свети Никола, Ѓорге Иванов истакна декa pрограмата со која во 2009 година излезе пред нив е исполнета и дека е релизирано и повеќе од предвиденото.
„Во сè што правев, не бев сам. И оддавам големо признание на Владата за вложените напори. На дело покажуваат како се работи за Македонија, истакна Иванов кој потсети дека исплатени се половина милијарда евра субвенции за земјоделците, донесени се речиси 2 милијарди евра странски инвестиции;с проведени се реформи во речиси секоја област од животот и дека пензиите се зоглемини за 62 отсто.
Тој истакна дека тие се грижат за подобрување на животот во Македонија.
„Сакаме и помалите градови, помалите населени места бргу да се развиваат. Се враќаат оптимизмот и вербата дека може да се биде успешен не само во Скопје, туку и во Свети Николе. Кој сега сака да дојде во вашиот град, мора да оди преку Куманово или преку Велес. Но, тоа ќе се промени. Кога ќе се заврши патот Миладиновци – Штип, светиниколци ќе можат да патуваат во Скопје за само половина час. И тоа по 28 километри пократок пат. Нов автопат!“, потенцираше Иванов.
Скопје, Куманово, Штип и Велес ќе бидат подеднакво блиску до Свети Николе.
„Свети Николе веќе нема да биде заобиколувано од превозниците и од патниците. Вашиот град ќе стане значаен транзитен центар за централна и источна Македонија. Со тоа ќе заживее стопанството во општината и во градот. Ќе се создадат услови за нови работни места“, им вети тој на светиниколчани.
Иванов нагласи дека се инвестира и во автопати, но и во регионални патишта.
„Неодамна се пушти во употреба реконструираниот пат Пробиштип – Свети Николе. И се скрати времето, и се зголеми безбедноста на патувањето. Во 2011 година беше реконструиран и патот од ’Ржаничино до Свети Николе во должина од 35 километри. Тоа е инвестиција вредна 191 милион денари“, рече тoj.
Конкретни проекти и видливи резултати!
„Ќе давам поддршка на институциите, општините и стопанството за создавање нови работни места. Имате релативно голема општина по површина. Го имате Овчеполието, втората житница во Македонија, која е пред сè земјоделска земја“, рече претседателкиот кандидат кој по втор пат ја бара доварбата на граѓаните.
Државата вистински го вреднува трудот на земјоделците. Од 2006 година до сега се исплатени 550 милиони евра субвенции на земјоделците. Годинава веќе се исплатени околу 70 милиони евра субвенции на лозарите, сточарите, овоштарите и други, а до крајот на годината ќе се исплатат уште 140 милиони евра.
Со инвестирање во земјоделството, Македонија може да се прехрани и себе, и другите. Овче Поле ќе биде едно од најразвиените.
„И во следниот мандат, приоритет ќе биде економскиот раст и развојот на Македонија. Ќе продолжиме да работиме на привлекување нови странски инвестиции“, рече Иванов.