![4krivogastani500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/4krivogastani500.jpg?resize=500%2C414&ssl=1)
Пред големиот митингот во Крушево, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов ги посети жителите на Кривогаштани.
Населението во Кривогаштани го пречека Иванов и ја поздрави неговата повторна посета.
„Пред пет години ви ветив дека имам моја програма која сакам да ја реализирам ако ја добијам вашата поддршка. После пет години поднесов отчет и кажав дека се што беше во таа програма, се е реализирано. Реализирани се и многу многу работи кои не беа во програмата. Пред пет години ви кажав дека доаѓам со она што ме воспитале и што ме водело низ целиот живот – да бидам чесен, да бидам искрен и да бидам вреден. После пет години повторно доаѓам и ви кажувам дека не сум се променил. Делата зборуваат колку бевме чесни, искрени и вредни“, рече претседателот Иванов пред жителите на Кривогаштани.
Иванов пред жителите на Кривогаштани истакна дека и во иднина ќе се залага за уште поголем развој на економијата во Македонија и посочи дека младите се најзначајниот капитал во државата и за таа цел треба постојано да се вложува во нивното образование.
Актуелниот Претседател и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, доби поддршка од жителите на Кривогаштани за неговите досегашни политики и активности, кои изразија очекување дека Иванов во иднина со уште посилно темпо ќе продолжи да работи за доброто на сите граѓани.