„Случајот со Рашковски не е завршен, се работи за многу обемен предмет. Значи набавката е многу обемна, многу материјал е предмет на анализа. Овој предмет доста фати тек пред почетокот на короната, се направија и интервјуа со одговорните лица итн. Меѓутоа застанавме тука, застанавме во моментов кога требаше да разговараме со една личност од тоа јавно претпријатие, кое што беше на боледување и не беше во состојба да ни одговори на прашањата. И останаа таму уште некои лица кои што беа од раководната структура значи во тој дел“,појасни Билјана Ивановска, претседател на ДКСК при своето гостување во емисијата „24 анализа“.
Ивановска додаде дека ДКСК ја држи во кондиција за овој предмет е тоа што договорот со Леонардо првичниот и оној што е склучен после извесен период од прилика година дена е идентичен. Зошто се чекало? А, тој период чини.
„Се плаќаат камати, за секој поминат ден, државата е оштетена од договорот. Затоа случајот е многу обемен и ние имаме колку што знам ЈО во некој дел го затвори проблемот со Драги Рашковски, меѓутоа ние останавме се уште во кодниција“, дополни Ивановска.