Ивановски: Горан Трајковски не реализира ништо од тоа што го вети, нема нови фабрики и инвестиции

„Предизвикот пред нас за мене носи визија дека ќе има живот во нашето родно Делчево“, ова денеска преку коментар на денот го истакна Сашко Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оваа реченица Горан Трајковски го започна серијалот од лаги и пред граѓаните на Делчево вети:

-Изградба на фабрика за вода;
-Изградба на покриен градски пазар;
-Изградба на улици во населбата Звегорска река;
-Реконструкција на мостот на улица Илинденска;
-Доизградба и доуредување на Кејот на Река Брегалница од хотел Македонија до мостот на Индустриска и од Црквата св. Кирил и Методиј до градскиот стадион;
-Изградба на патот Делчево- Црна скала;
-Ново ПП возило;
-Реконструкција на прифатилиштето за бездомници;
-Студија и проект за водоснабдување на Туристичкио центар Голак;
-Спортско игралиште во 1-ви реон;
– Спортско игралиште и детски парк во 2-ри реон;
-Смена на водоводната мрежа на ул. Ванчо Прке;
-Детско игралиште на м.в. Чуката во 3 реон
-Изградба на десен и лев крак на ул. Разловечка;
-Реконструкција проширување и оградување на мостот пред градските гробишта;
-Реконструкција на ул. Орце Николов и Скопска во Ново Делчево;
-Парк и детско игралиште, пешачки и пристапни патеки и во Милково Брдо;
-Детско игралиште во с. Звегор, с. Град с. Вирче и с. Тработивиште;
-Фекална канализација во с. Стамер;
-Регулација на Виречка река;
-Пат до Светите води во Тработивиште;
-Реконструкција на спомен домот, патот на влезот во селото и отварање на кујна за стари лица и реконструкција на училишната зграда во с. Разловци;
-Изградба на улици во с. Вирче и с. Разловци;
-Реконструкција на чешмите за питка вода и санирање на каптажата во стар Истевник;
-Реконструкција на селскиот водовод во с. Бигла, вели Ивановски.

Тој додава дека процент на реализација на капиталните и клучните проекти 16 ветени, 6 реализирани, 10 нереализирани или 37,5% реализирани , а 62,5% нереализирани.
Процент на реализирани местни проекти од 95 ветени, 28 реализирани и 67 нереализирани или 29,4% реализирани и 70,6% нереализирани.