Ивановски постави нов македонски рекорд на 5.000 метри за осмото место во Оран

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски во неделата имаше добар настап на Медитеранските игри во Оран, каде што го освои осмото место на трката на 5.000 метри.

Ивановски со време 13:54.58 стигна до осмата позиција во конкуренција на 14 учесници на трката, а притоа постави нов македонски рекорд, додека прв заврши Софијан Букантар со време 13:36.12.

Македонскиот атлетичар го подобри времето за две секунди, па така новиот рекорд изнесува 13:54.58.