Ивановски: Субвенциите се приходи кои земјоделците може сигурно да ги планираат

Субвенциите се приходи кои земјоделците може сигурно да ги планираат. Земјоделството претставува еден од приоритетите на Владата од првиот ден на функционирње и тоа недвосмислено се покажа со секој изминат ден преку конкретни мерки и проекти со цел да го подобрат живеењето и работењето на земјоделците, истакна на трибината во Градско, Перица Ивановски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во однос на субвенциите, во текот на една година само за општина Градско се издвоени некаде околу половина милион евра што доколку се спореди со периодот пред 2006 година кога 6 милиони вкупно се издвојуваа за сите земјоделци во Македонија е многу значајно. Поединечно по секој земјоделски производ субвенциите значително се зголемија и тоа е поддршка која планираме да ја продолжиме. Тоа се приходи кои земјоделците може сигурно да ги планираат во нивното работење, истакна Ивановски.

Тој додаде дека една од клучните политики со кои директно се влијае на инвестициите и развојот на земјоделството е програмата за рурален развој каде од страна на државата се покриваат најмалку половина од трошоците за инвестициите.