Ивановски загуби во првото коло од јуниорскиот Австралија опен

Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски се сопна уште на стартот на јуниорскиот Австралија Опен и доживеа пораз од Русинот, Јарослав Демин.

Демин го совлада Ивановски со 2:0 (7:6, 7:5) по сетови во натпревар кој траешеречиси два часа и понуди доста возбудувања.

Во првиот сет се одигра и тај-брејк во кој за жал поуспешен беше рускиот тенисер кој прв направи брејк и успеа да излезе како победник.

На стартот на вториот сет Ивановски почна во грч, па Демин брзо направи предност од 3:0. Сепак, Ивановски смогна сили и се врати на 4:4 по сетови, но на крајот не можеше да го задржи темпото и да го добие и вториот сет.

17 годишниот Калин Ивановски важи за најголемата македонска тениска надеж, па се очекува во скоро време да го видиме и на сениорските тениски турнири од највисок ранг.

Големиот талент, сепак, не ги разочара неколкуте десетици македонски навивачи, кои се појавија во Мелбурн парк за да му дадат поддршка во обидот да го повтори успехот од Вимблдон, каде што стигна до осминафиналето. Но, со својата голема борбеност, Ивановски ги освои срцата на нашинците во далечната Австралија, кои без разлика на поразот постојано го бодреа и навиваа за него.

На крајот, дел од нив дојдоа до заедничка фотографија како спомен за настапот на АО, по што средбата заврши со ветување дека следната година поддршката ќе биде поголема, а неговиот престој на турнирот далеку подолг.

Фото: Дерби.мк