Владата денеска ги донесе следните кадровски решенија: Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Македонија при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија.
Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем.
Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.
Ерол Абдиу е именуван за вршител на должноста заменик директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола.
Блерим Сулејмани е именуван за вршител на должноста заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.
Кашмир Салиу е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Фикрет Шабани е именуван за вршител на должноста директор на Управа за електронско здравство.
Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија.
Африм Идризи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик директор на КПД Затвор Скопје.
Билјана Стефаноска е именувана за вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.