Од утре нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ е Иво Котевски, досегашниот помошник министер за односи со јавност во МВР.
По последните парламентарни избори кога дотогашниот директор на центарот, Илија Димовски, стана координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ова позиција е испразнета.
Иво Котевски во МВР е од 2006-та година кога беше назначен за портпарол, а потоа стана и помошник министер во Одделот за односи со јавност. Тој е поранешен новинар.