ИВЗ за протестот на МПЦ: Нема да одиме и нема да повикаме на учество

Ние сме против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, изјавиле за „Макфакс“ од Исламската верска заедница.

„Заедно со сите верски заедници излеговме со заеднички став, а тоа е дека сме против законите. Никој нема да дојде на протестите и нема да повикаме на учество“, истакна Агрон Војника, портпаролот на ИВЗ.

Според изјавата на Војника за „Макфакс“, Исламската верска заедница не била консултирана за протестот.

„Празник ни е, никој не нè информира и никој не нè консултира, а кога не си консултиран, не можеш да кажеш дали стоиш или не стоиш зад протестот. За нас е Бајрам и ние денеска го славиме празникот“, изјави Војника.