Германскиот канцелар Олаф Шолц има намера во четвртокот во парламентот (Бундестагот) да ја испрати владината изјава за актуелната безбедносна состојба, но сѐ уште не е јасно дали фокусот ќе биде ставен на внатрешната или на надворешната политика.
Во писмото на канцеларот до претседателот на Бундестагот, Барбел Ба во понеделникот доцна вечерта увид имала германската службена новинска агенција DPA, со што е откриен планот на Шолц да ја испрати изјавата.
Шолц минатата седмица го промени ставот кон политиката за вооружување и војувања на Украина, веднаш по САД, со што на владата во Берлин ѝ овозможува да му даде дозвола на Киев испорачаното германско оружје да го користи за напади врз цели на руска територија. Опозицијата бараше објаснување за оваа одлука, предупредувајќи дека тоа води кон ескалација на војната, и стравувајќи дека германските интереси ќе бидат директна цел на руски одмазднички акции.
Истовремено се води и политичка дебата за безбедноста и заканите од екстремистичко насилство откако авганистански мигрант со нож во Манхајм нападна политичар од крајната десница на антиисламски протест, при што смртно настрада 25-годишен полицаец. Дел од германската јавност смета дека станува збор за напад поттикнат од континуираната медиумска и системска хајка против десницата, што нејзините политичари ги прави цел на милионите мигранти од кои многумина се радикализирани. политичари во медиумите и јавноста
Левичарскиот политичар Кристијан Герке изјави дека би сакал германскиот канцелар уште минатата седмица да ја поднесе изјавата „наместо да најавува индивидуални одлуки за ширење на војната во Украина“.
Шолц во понеделникот ја бранеше промената на ставот за користењето на оружјето испорачано на Украина, очигледно донесена откако американските медиуми објавија дека претседателот Џо Бајден дал дозвола западното вооружување Киев да го користи за напади врз цели во Русија, што всушност и досега без изведувани, но се чини сега би требало да бидат почести.
„Сигурни сме дека тоа нема да придонесе за ескалација, бидејќи, како што опиша американскиот претседател, станува збор само за можноста за одбрана на голем град како што е Харков. Одлуката е ‘внимателно донесена“, со германските пријатели и сојузници“, рече германскиот канцелар.
Меѓутоа Шолц, зборувајќи за источниот втор по големина град во Украина со доминантно руско население каде руските единици последните денови направија значителен пробив, не се осврна на предупредувањето на Москва дека за користењето на таквото оружје неопходно да ракува воен кадар од западните земји, како и користење на сателитските и разузнавачки ресурси на НАТО, што ги прави земјите членки директно вклучени во руско-украинската војна.
А во врска со нападот врз нож во текот на антиисламски собир во Манхајм врз Михаел Штурценбергер од движењето Пакс Европа (BPE), Шолц најави остри мерки против екстремистите.
„Полицаецот кој се здоби со смртоносни повреди го загуби животот за мирот и безбедноста. Беше на должност, бидејќи ја штитеше демократијата“, изјави Шолц во понеделникот.