На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 2,04 долари отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 73,74 долари. Речиси за истото поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 70,28 долари.
Засебно, Организацијта на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во понеделникот поскапел за 75 центи на 73 долари.
Вниманието на пазарот беше привлечено во вторникот од изјавата на неименуван претставник на Белата куќа за сигналите кои сугерираат дека Иран се подготвува да лансира балистички ракети кон Израел. САД активно ги поддржуваат подготовките за одбрана на Израел од таква закана, рече неименуваниот функционер, предупредувајќи на ужасните последици од можниот директен воен напад на Иран врз Израел.
На овој начин Иран би одговорил на израелските напади врз Либан, во кои, покрај водечките политички и воени функционери на шиитското движење Хезболах, загинаа и стотици цивили.
Во понеделникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди во порака на англиски јазик до „иранскиот народ“ дека „Израел може да стигне до секој агол на Блискиот исток“. „Ќе стигнеме на секое место за да го заштитиме нашиот народ и нашата земја“, нагласи израелскиот премиер во пораката до Иранците.
Блискиот исток произведува една третина од светската нафта, која најмногу минува низ Ормускиот теснец, контролиран од Иран.
Ескалацијата на тензиите на Блискиот исток ги стави во втор план индициите на OPEC и групата нејзини сојузници големи независни производител преводени од Русија дека ќе ја зголемат понудата на крајот на годината, како што најавија на почетокот на летото. Министрите од водечките членки на кателот познат како OPEC+ ќе се состанат онлајн во среда и веројатно нема да препорачаат промени во сегашниот договор, и покрај големиот пад на цената на нафтата неодамна, изјавија пет извори за Reuters.
Планираното зголемување на понудата ќе следи по нормализирањето на либискиот извоз и знаците на слабеење на побарувачката во Кина.
Цените на нафтата скокнаа до 74 долари на меѓународните пазари во вторникот, откако американски официјален претставник изјави дека има знаци дека Иран се подготвува да го нападне Израел, поттикнувајќи ги стравувањата дека одговорот на нападите на Израел врз Либан сериозно ќе ги загрози испораките од клучниот производствен регион.