Тито Петковски се противи на најавеното повлекување од премиерската функција на Зоран Заев, доколку во вториот круг од изборите биде загубена битката за градоначалничката функција во Скопје.
– Изјавата е неодговорна, нека ми прости премиерот. Пред една година победивме, формиравме влада пред една година, не ја сваќам поентата да се поднесе оставка ако се загубат локални избори. Тој е премиер, мандатот е четири години – вели Петковски чија партија е во коалиција со СДСМ.
Петковски прави дистинкција и помеѓу централната и локалната власт.
– Ова беа локални избори со парламентарен шмек, нема да бидат градоначалници Заев или Мицкоски, или СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Овде кампањата излезе надвор од интересот на граѓаните – изјави Петковски за „Утрински брифинг“.