Изложбата „99 збора и 1 фотографија“ ќе биде отворена на на 14 февруари (петок), во 20 часот, во порта „Македонија“. На изложбата ќе бидат поставени сетовите-серија колумни со наслов „99 збора и 1 фотографија“ на писателот Венко Андоновски и на мајсторот на светлописот Љупчо Илиевски.
Во рамките на настанот ќе биде промовирана и ексклузивна книга во колор со идентичен наслов како колумната.
Колумната во текот на една година излегуваше на страниците на „Нова Македонија“, а изложбата е своевидно заокружување на проектот, кој има хуманитарен карактер.
Изложбата ќе трае до 20 февруари 2014 г и е во организација на „Нова Македонија“.