![images_2-162311](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/images_2-162311.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Кумановец избегал од лудница па се вратил дома да го тепа татко си, по што нападнал полцајци, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил завчера околу 21.30 часот во Куманово. Тогаш кумановецот М.М. пријавил дека неговиот син З.М., кој бил на лекување во психијатриската болница во Скопје, избегал од истата. Тој дошол во нивниот дом и се однесувал агресивно кон него.
На местото дошла полициска патрола, а при преземање на службени дејствија, З.М. физички нападнал еден полицаец. Насилникот, сепак, бил совладан и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово. Од таму бил препратен во Психијатриска болница во Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.