Вчера во Тетово на ул.„Ленин“, А.Р.(36) од Тетово со нож му задал пет убодни рани во пределот на грбот на М.Ш.(22) од Тетово кој поради сериозноста на повредите е пренесен во КЦ-Скопје, а А.Р. сам се пријавил во ПС-Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.