Избоден со нож еден од американските херои во возот Талис

Еден од тројцата Американци, што во август годинава спречија напад на исламист во возот Талис на линијата Амстердам-Париз, синоќа бил неколку пати избоден со нож во Сакраменто, Калифорнија.

Спенсер Стоун (23), војник од воздушните сили на САД, се наоѓа во стабилна состојба.

Стоун заедно со други двајца Американиц, кои патуваа со возот Талис успешно неутрализираа исламист пред тој да изврши терористички напад. Тие беа наградени со Орден на Легијата на честа, највисока државна награда во Франција, лично од претседателот Франсоа Оланд.