Манифестацијата „Избор на традиционална Мавровско – Реканска пита“, која е во организација на Општината Маврово и Ростуша, а е во рамки на „Летниот културен бран“ ќе се одржи денеска.
Посетителите покрај тоа што ќе можат да дегустираат од традиционалната мавровско-реканска пита ќе имаат можност и да ги посетат водопадите „Дуф“, да ја погледнат изложбата „Река низ историјата“ и да го проследат концертот на Ансамблот „Македонија“.