Во Франција во саботата е предизборниот молк, пред првиот круг од претседателските избори кои се одбележани со меѓународни кризи и веројатна реприза од дуелот меѓу сегашниот претседател Емануел Макрон и неговата ривалка од крајната десница Марин Лепен, а чиј исход сѐ повече се чини неизвесен.
Од петокот на полноќ, кога официјално заврши предизборната кампања за првиот круг, во земјата владее изборен молк и 12-те кандидати во кој не смеат да ѝ се обраќаат на јавноста, ниту да одржуваат собири. Меѓутоа, неколкумина би можеле да учествуваат на „поворките за иднината“ најавени во повеќе градови на иницијатива на левичарските организации.
Право на глас во недела имаат околу 48,7 милиони гласачи коишто ќе ги одредат двајцата финалисти кои ќе се соочат во вториот круг на 24-ти април.
Првиот круг ќе ја затвори неколкуте месеци невообичаено сувопарна кампања, којашто се одвиваше во сенката на пандемија на Covid-19 и војната во Украина и во која многу други важни прашања, како што се климатските промени, паднаа во друг план.
Првите резултатите се очекиваат во неделата во 20 часот по средноевропско време, по затворањето на избирачките места. Гласачите во некои француски прекуморски територии веќе почнаа да гласат во саботата.
Сите анкети последните седмици најавуваат реприза од соочувањето во 2017 година меѓу Макрон и Лепен, но последнтие испитувања покажуваат дека разликата меѓу нив е сосема намалена. Проекциите за вториот круг сега не исклучуваат и можна победа на Марин Лепен, што би било првпат во Петтата Република на власт да дојде жена, и тоа од крајната десница.
Многу политолизи стравуваат дека би можело да биде соборен рекордот од април 2002 година, кога на првиот круг од претседателските избори не излегоа 28,4 отсто, повеќе отколку на минатите во 2017 година со 22,2 отсто.
„Ова се првите избори на коишто има толку избирачи кои не се решени за кого да гласаат, кои го промениле мислењето, речиси секој втор Французин“, вели политикологот Паска Перино.
Поради тоа, поради слабиот одѕив можни се изненадувања во првиот круг. Кандидатот на крајната левица Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон, кој според анкетите би можел да биде трет, се надева дека сепак ќе се пробие во вториот круг. Со седмици ги повикува гласачите од левицата, којашто ја претставуваат повеќе кандидати, да гласаат токму за него. Дел од гласачите определени за екологот Јаник Жадо, социјалистката Анн Идалго и комунистот Фабиен Росел може да доведат во искушение.
По Меланшон следи кандидатката на козервативната партија Републиканци, Валери Пекрес, која е израмнета со другиот кандидат од крајната десница Ерик Замур.
Можен ли е републикански фронт?
Поради можната конечна победа на крајната десница, некои кандидати во согласност со традицијата кога во вториот круг сите се сојузуваат притив десницата, некои кандидати веќе изјавија каков сав ќе заземат во недела навечер. Фабиен Росел нема да ја поштеди од критики Лепен, Пекрес нема ништо да им сугерира на нејзините гласачи, но каже кого да поддржатво вториот круг. Но во опкружувањето на Макрон признаваат дека реглексот на „републиканскиот фронт“, кој му помогна да биде избран во 2017-та, повеќе не е извесен.
„Само да се зборува ‘нема да мине’ овојпат нема да запали“, признава неименуван советник на владејачкото мнозинство.
Сметана за „завршена приказна“ по неуспехот во 2017 година и загриќена едно време поради појавата на крајната десна сцена на новинарот Ерик Замур, Лепен постепено се издигнуваше и го поправи својот имиџ, одејќи толку далеку што на собир во петокот рече дека е претставничка на „смирената Франција“ наспроти „агресивниот и нервозен“ Макрон.
Поради ефектот на споените садови, ќерката и политичка наследничка на крајниот десничка Жан-Мари Лепен, изглада „умерена“ благодарејќи на радикалните ставови против исламот и имиграцијата на Земур. Во кампањата акцентот го стави на куповната моќ на граѓаните, најважното прашање за Французите притиснати од инфациите и зголемените цени на енергијата.
Макрон во однос на неа во кампањата влезе многу доцна, играјќи на адутот на врховен командант на целосно окупиран со здравствената и меѓународната криза. Тоа во почетокот му одеше во полза, но подоцна мораше да остави впечаток дека нема чувство за секојднените проблеми на граѓаните. Свесен за опасноста, Макрон од почетокот на април повикува на „мобилизација“ против „банализираната“ крајна десница, а во петокот тврдеше дека се чувствува „победнички а не губитнички“