Републиканецот Доналд Трамп е победник на претседателските избори во САД откако ја победи демократката Камала Харис, четири години откако ја напушти Белата куќа, објави во средата Fox News.
Другите медиуми сѐ уште не го објавија победникот, иако на претходните избори мејнстрим медиумите во САД мноу рано го прогласија Џо Бајден за победеник, годинава долги часови по затворањето на избирачките места не ги менуваат резултатите – 267 електорски гласови за Трамп и 224 за Харис, според Associated Press.
Во Вест Палм Бич, на Флорида, каде што се очекува Трамп да им се обрати на поддржувачите во конгресниот центар, толпата извикуваше „САД!“ кога Fox News го објави како победник.
Трамп веќе ги освои клучните држави Северна Каролина и Џорџија и има водство во неколку други, според Edison Research.
На поранешниот претседател му оди добро и низ целата земја, добивајќи поддршка насекаде, од руралните области до урбаните центри во споредба со изборите во 2020 година.
Републиканците го освоија мнозинството во Сенатот откако ги зазедоа местата од демократите во Западна Вирџинија и Охајо. Се чини дека ниту една партија нема јасна предност во трката за Претставничкиот дом, каде што републиканците во моментов имаат тесно мнозинство.
Трамп влезе на изборите со 50 отсто шанси да ја врати Белата куќа, што е извонреден враќање со оглед на фактот дека на 6 јануари 2021 година, многу експерти ја прогласија неговата политичка кариера за завршена. Тој ден, толпа негови поддржувачи упадна во Конгресот во насилен обид да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.
Трамп доби поголема поддршка од Латиноамериканците, кои традиционално гласаат за Демократската партија, како и од домаќинствата со пониски приходи, кои забележаа нагло зголемување на цените од последните претседателски избори во 2020 година, според излезните анкети спроведени од Edison Research..