Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев обраќајќи се вечерва во Штип по денешните предвремени парламентарни избори за градоначалник.
Имавме, оцени Заев, успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од сè, безбедни избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот.
Се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.
-Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да – за грижа одговорност и стабилност, не за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови ихистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења и уништувања, рече Заев.
Николов, исто така, изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат