Предвремените парламентарни избори во Македонија ќе ги следат 2.709 набљудувачи и преведувачи од кои 2,551 се домашни и 158 странски кои добија акредитации од Државната Изборна Комисија (ДИК).
Од домашните најбројни се на НВО МОСТ со 1.254 набљудувачи, „АКСИОС 2017“ – 830, „Цивил – Центар за слобода“ – 315, „Инклузив Куманово“ – 86, Национален ромски центар Куманово – 38 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – 15, „Заедно можеме – Гостивар“ – 9 и Македонски центар за култура и развој – 4.
Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите што ги објави ДИК на нејзината интернет страница, ОБСЕ/ОДИХР има 26, Амбасадата на САД ќе има 41, делегацијата на ЕУ – 13, ИФЕС – 4, Амбасадата на Франција – 13, Амбасадата на Унгарија – 10, Амбасадите на Германија и на Велика Британија по 7, на Италија – 6, на Албанија – 4, на Австрија, на Швајцарија, на Хрватска и на Шведска по 3, на Бугарија, на Црна Гора, на Чешка и на Косово по 2 и Амбасадите на Холандија, на Канада, на БиХ по еден набљудувач, а четири ќе има и Меѓународното здружение за човекови права.