Изборите во Есен нов голем испит за германската канцеларка

Избирачките места во неделата се отворени за покраинските избори во Есен, финансискиот центар на Германија, и претставуваат нов голем тест за германската канцеларка Ангела Меркел односно за нејзината голаме коалиција претставена од Унијата на нејзините демохристијани и социјалдемократите по историски слабите резултати на изборите во Баварија.

Се претпоставува дека новиот тежок неуспех на владејачките партии на сојузно ниво во Есен, по лошите резултати минатата седмица во Баварија, ќе резултираат и со губење на поддршката на ткн Гроко (Голема коалиција) и на сојузно ниво. Доколку во Есен сегашниот премиер Фолкер Буфлер, кој е многу близок до канцеларката Ангела Меркел, ја загуби премиерската должност во оваа сојузна покраина, противниците на канцеларката би зајакнале во пресрет на партискиот конгрес на нејзината Христијанско-деморкатска унија (CDU) на почетокот од декември, и би можеле да побараат нејзина оставка.

Втората опасност за Меркел е дека нејзиниот партнер во коалицијата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), ќе го оствари третото место во Есен, покраина во којашто е сместен германскиот финансиски центар Франкфурт. Таквиот резултат би го зајакнал притисокот кај социјалдемократите, партијата да се повлече до коалицијата на Меркел.

Врвот на соцвијалдемократит, а особено претседателката на SPD, Андреа Нахлес, е на удар на критиките по катастрофалните резултати во Баварија и историски најлошиот изборен резултат во која и да е сојузна покраина. Доколку се случи и драстична загуба на гласовиет во Есен, каде што SPD долги години беше најсилната партија, би зајакнале позициите на противниците на Големата коалиција, што може да довед до излегување на SPD, распаѓање на коалицијата и најверојатно распишување на нови предвремени избори во Германија. Во SPD се поделени во тоа дали воопшто треба да се учествува во сегашната влада и проелтва фракциите кои ги поддржуваат сегашните челници тесно го победија левото круло во партијата коешто се противеше и се’ уште се противи на коалицијата со Меркел.

Канцеларката Меркел повеќепати изјави дека доколку SPD излезе од коалицијата на владата, најверојатната опција би била нови избори, имајќи предвид дека една од другите можни констелации, онаа на демохристијаните, либералите и зелените, пропадна по неуспешните преговори уште кон крајот на минатата 2017 година.

„Ангела Меркел е канцеалрка веќе 13 години, но никогаш не беше под ваков политички притисок“, објави во саботата весникот Sueddeutsche Zeitung. Според медиумите, Германците се чини се заморени од постојаните судири во коалицијата, коишто потекнуваа од бавараската Христијанско-социјална унија (CSU), која е партнер на CDU, којашто настојува да се заостри доселеничката политика. „Кризата на Големата коалиција претставува енормен притисок на изборите во Есен“, пишува Der Spiegel.

Наспроти тоа, на зелените им расте популарноста во анкетите во Есен и на национални нови по одличните резултати во Баварија од 14-ти октомври, предвидуваат 20 или 21 отсто. Зелените се надеваат дури и на победа во неделата, што би им била втората освоена сојузна покраина по Бадевитемберг со која управуваат од 2011 година.

Според испитувањата на јавното мнение евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), ќе освои 13 отсто од гласовите, со што би била застапена по само пет години постоење во парламентите на сите шеснаесет сојузни покраини.