Изборите за Белград најдоцна до 2-ри јуни, објави Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека изборите за градски власти во Белград ќе се одржат најдоцна до 2.јуни.

„Направив грешка кога реков дека новите избори ќе бидат најдоцна до 5 мај на Велигден, но тоа не е законски прецизно. Најдоцниот датум за распишување избори е 3. април, па поради тоа е можно да се одржат на 2 јуни“, изјави Вучиќ, по состанокот во Претседателството.

Вучиќ најави дека одржал консултации со „сите изборни листи што тоа го сакале“.

Во обраќањето до јавноста, српскиот претседател се осврнал и на надворешнополитичката ситуација.

„Србија се наоѓа во тешка геополитичка ситуација, како земја што е политички неутрална и единствена во Европа што не ѝ вовела санкции на Русија. Под голем притисок сме“, изјави Вучиќ.

Бидејќи до 3-ти март, кога истекуваше последниот законски рок, не се конституираше градскиот парламент и не беа избрани претседател, потпретседател, секретар и управни совети, започна да тече рокот од еден месец, во кој претседателот на Собранието на Србија во рок од 45 до 60 дена мора да распише нови избори.

Белград е на прагот на новите избори за градските власти, откако конститутивната седница на градското собрание беше одложена за 1-ви март поради немање кворум, со тензии и протести на опозициските советници кои ја обвинуваат владејачката Српска напредна партија (СНС) за наводна кражба на изборите во декември.

Владејачката Српска напредна партија (СНС) на изборите на 17-ти декември освои 49 мандати, а таканаречената „проевропска“ опозициска коалиција на левиот центар „Србија против насилството“ (СПН) 43 од вкупно 110 советници, додека коалициските партнери на СНС, Соццијалистичката партија на Србија (СПС) има пет мандата.

Конзервативната десничарска коалиција НАДА има седум советници, а групата „Ние-гласот на народот“ на чело со контроверзниот лекар Бранимир Несторовиќ има шест, но СНС не успеа во обидите да ги придобие за формирање заедничко парламентарно мнозинство.

Опозицијата ја обвинува владејачката партија дека ја „украла волјата на граѓаните“ со наводен изборен инженеринг и доведување гласачи од Република Српска и градовите во Србија каде што немало локални избори на 17-ти декември. Бројни забелешки имаат и меѓународните набљудувачи, но за нив изјавија по речиси еден месец, а сека најавија извештај за тоа кој се очекува до крајот на февруари.

На 8-ми февруари, Европскиот парламент усвои необврзувачка резолуција со која се бара меѓународна истрага за наводните изборни нерегуларности и предлага суспензија на пристапот на Србија до европските фондови, доколку се докаже дека властите биле директно вмешани во измама на гласачите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, чие име се најде на изборната листа на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“, неодамна изјави дека СНС има „легално, но сѐ уште не и легитимно мнозинство“, без да ја отфрли можноста да се повторат белградските избори доколку пропадне обидот СНС да обезбедете повеќе од половина од мандатите во градскиот парламент.

Лидерот на коалицијата НАДА, Милош Јовановиќ, пред најавената седница инсистираше дека изборите во Белград мора да се повторат бидејќи „резултатите се нелегитимни“, нагласувајќи дека „секој устав на владата во Белград би бил нелегитимен“. „Тоа би била отворена покана за сите граѓани на Белград да ја одбранат својата изборна волја“, рече Јовановиќ.

Во постизборните протести по 17-ти декември, илјадници луѓе протестираа во српскиот главен град барајќи повторување на изборите, а владата го нарече обидот на група избрани опозициски советници да влезат во белградското собрание за време на еден од протестите уривање на уставниот поредок.

Бидејќи до 3-ти март, кога истекуваше последниот законски рок, не се конституираше градскиот парламент и не беа избрани претседател, потпретседател, секретар и управни совети, започна да тече рокот од еден месец, во кој претседателот на Собранието на Србија во рок од 45 до 60 дена мора да распише нови избори.