Изборната комисија ги поништи изборите во Киргистан

Централната изборна комисија на Киргистан во заднина на сѐ помасовните протести на опозицијата кои започнаа по неделните парламентарни избори, во вторникот ги прогласи за неважечки изборните резултати, соопшти членката на комисијата Гилнаа Џурабаева.

„Во врска со бројните прекршувања за време на гласањеот и за време на предизборниот период, на состанокот на Централната изборна комисија беше донесена одлуката за прогласување на изборите за неважечки“, соопштиле од прес-службата на комисијата за агенцијата ТАСС.

Џурбаева преку својот профил на Facebook објави претходно дека комисијата со мнозинството гласови одлучила да се поништат резултатите и оти се разговарало и за самораспуштање на сегашниот состав на изборната комисија.

„Убедена сум дека со оваа изборна кампања се дискредитиравме самите себеси, и затоа најдобра и најправилан одлука во овој случај ќе бида предвремено поднесување оставки“, ја цитира киргинстанската агенција 24.kg.

Претходно Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која независно од далечина ги следела изборите во Киргистан, соопшти дека изборите се нарушени со „веродостојни обвинувања за купување гласови“.

Според прелиминарините официјални податоци на изборната комисија, на изборите во водство се двете партии од владината коалиција новооснованата демократско-социјалистичка партија Биримдик (Единство) со 24,52 отсто од гласовите и Мекеним Киргистан (Мојата татковина Киргистан) со 23,89 отсто, како и центристичките Киргистан со 8,73 и Ботин Киргистан со 7,11 отсто од гласовите.

Другите партии не го минале изборниот праг од 7 отсто и пријавија бројни прекршувања на севкупниот изборен процес. Подоцна и актуелниот киргистански претседател Сооронбеј Жеенбеков призна дека поткупот на гласачите бил проблем во текот на изборниот процес.

Поддржувачите на партиите кои ги загубија изборите, една од нив е Социјалдемократи на Киргистан, која ја води Сејитбек Атамбаев, синот на затворениот поранешен претседател Алмазбек Атамбаев, бараат поништување на разултатите од изборите во неделата и спроведување ново гласање.

Демонстрантите во понеделникот вечерта започнаа со судири со безбедносните сили и продреа во централниот административен комплекс во центарот на главниот град Бишкек во кој се наоша кабинетот на шефот на државата и парламентот. Исто така, без отпор од затвор го ослободиле поранешниот претседател Атамбаев. Во судирите биле повредени вкупно 590 лица а едно лице го загубило животот, според киргистанското министерство за здравство.

Демонстрантите, исто така, по оставката на градоначалникот на Бишкек, Азис Суракматов, прогласија нов градоначалник на престолнината и најавија дека ќе назначат и нов премиер.