Изборот на министерската постава на Заев закажан за во сабота

Челникот на СДСМ и мандатар Зоран Заев придружуван од 19-те кандидати за министри, во средата го достави во Собранието предлогот за состав и програма на новата влада, само неколку часа подоцна парламентарниот спикер Талат Џафери ја закажа седницата за избор на новата влада во сабота напладне.

Предвидено е новите министри да бидат избрани најдоцна до недела на полноќ. Заев е уверен дека тенкото мнозинство од 62 пратеници нема да се одрази на стабилноста и функционалноста на новата влада. Сепак, проблематично е како Заев ќе успева да обезбеди поддршка за своите проекти дури и за оние за кои е потребно  просто мнозинстви, кога некој од пратеници од кревкото мнозинство ќе биде спречен да присуствува на седниците или ќе има други обврски.

По критиките на опозицијата дека предвидените петте заменици на Џафери се многу и се непотребен трошок, Заев реплицираше дека предлогот не значи и дека мора да партиципираат петтемина потпретседатели. Ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од свој предлог за потпретседател, по што како што најави истото ќе го направи и неговата партија.