Изборот на Спасовски предизвика револт помеѓу припадниците на Одделот за посебни единици

Револт помеѓу припадниците на Одделот за посебни единици. Човекот што наместо да оди во посета на повредените полицајци, се фотографираше со жителите на Дива Населба, треба да застане на чело на Министерството за внатрешни работи.

Наместо независни професионалци, истурени партиски имиња ќе ги водат ресорите и ќе ги добијат заменичките места во Владата до престојните избори закажани за 24-ти април.

spasovski-divo-1

Одлуката на чело на министерството за внатрешни работи да застане генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, предизвика револт помеѓу припадниците на Одделот за посебни единици.

Човекот што сега треба да застане на чело на македонската полиција, еден ден по настаните во кумановската Дива населба, кога целата македонска јавност беше во жалост поради загубата на осуммината припадници на полицијата, а повеќемина беа ранети и хоспитализирани, заедно со Заев наместо во посета на повредените полициски службеници се фотографираа со жителите на населбата.

spasovski-diva-naselba-2

Заев се фотографираше и поздравуваше со поздравот на УЧК

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, само еден ден по немилите настани, кога целата македонска јавност беше завиена во црно, насмеан се фотографираше и поздравуваше гордо со поздравот на УЧК.

zaev-uck
Во кумановската Дива населба заедно со Заев беше и новиот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, па оттука сосема јасен е револтот помеѓу припадниците на Одделот за посебни единици.

Наместо во посета на 37-те припадници на полицијата кои беа ранети во полициската акција против терористите, Заев и Спасовски ги посетија жителите на Дива населба.

Заев си го згрижи партиското раководство во Владата

Инаку, по соопштувањето на имињата на новите министри, сосема јасно е дека лидерот на СДСМ Зоран Заев си го згрижи партиското раководство во Владата.

Освен тоа што Спасовски ќе биде на чело на МВР, потпретседателката Фросина Ременски ќе биде нов министер за труд и социјална политика.

Уште еден потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски ќе биде заменик министер за информатичко општество, а шефот на кабинетот на Зоран Заев, Љупчо Николовски ќе биде заменик министер за земјоделие. Кире Наумов ќе биде заменик министер за финансии.